Падна од моторот, стана неповреден и потоа на него налета друг мотор (Видео)

Јохан Зарко е најсреќниот мотоциклиста на Гранд при патеката во Валенсија иако тој не е победник. Францускиот возач имаше среќа да преживее две несреќи само за неколку секунди и на крајот да остане неповреден.

Зарко излета на свиокот број 6 и помина без никакви проблеми. Французинот веднаш стана и продолжи да се движи, а само неколку секунди потоа на истото место излета Даниело Петруци. Моторот на Петруци продолжи неконтролирано да се лизга и заврши директно во Зарко.

По ударот од моторот, Французинот летна во воздух и падна, не знаејќи што се случи. За среќа, Зарко и овојпат помина без никакви повреди, иако од таков удар можеше да заработи двојна скршеница на нозете. Едноставно, Јохан Зарко е среќникот на ГП на Валенсија иако победата замина за шампионот Марк Маркес.

https://youtu.be/eIJJd-1MO_E

 

- Оглас -

Најнови вести