Хаџи: За да нема лутење, дадов голови од пола терен и за Реал и за Барса (Видео)

Романската фудбалска легенда, Георге Хаџи, изјави дека ги сака и Реал Мадрид и Барселона, двата клуба за коишто настапуваше во минатото, а и за двата трофејни клубови даде прекрасни голови од голема далечина.

„Паметам дека за Реал дадов гол речиси од пола терен на меч против Осасуна, а за Барса сличен гол на маглата во Виго против Селта. Имам позитивни сеќавања од двата клуба, по две години минав и во Реал и во Барселона, а и за никој да не се лути, за двата клуба дадов по еден гол речиси од пола терен“, се пошегува Хаџи.

Хаџи како противнички играч од кој најмногу се импресионирал го спомна Паоло Малдини, а од соиграчи повторно спомна по еден од Реал и Барса.

„Сум играл со многу добри фудбалери, ама нема веќе напаѓачи какви што беа Ромарио и Бутрагењо. За син ми би му препорачал да игра во Шпанија, не е важно во кој клуб“, вели Хаџи.

 

- Оглас -

Најнови вести