На натпревар помеѓу фудбалери на Ајакс и Спарта Ротердам до 15 години се гледа колкава е разликата помеѓу амстердамските Копјаници и противниците. Буквално.
Иако можеби се чини како фотошоп, сликата на која 14-годишен дефанзивец на Ајакс стои покрај драстично понизок играч на Спарта е вистинска. Ајакс триумфираше со 6-2, а Дејвид Исмон, кој делува како џин покрај другите, даде гол и имаше една асистенција. Едноставно, физички е преголем во однос на врсниците и изгледа како да е некој искусен и дека има барем 22-23 години.
Иако е физички доминантен, сепак голема заслуга за оваа фотографија има и аголот од која е сликана, па Исмон изгледа двојно повисок од својот чувар.