Германија – Северна Ирска (фудбал, квалификации за ЕП, 20.45 часот)
Германците се борат со Холанѓаните за прво место во групата, позиција која носи привилегија при ждрепката. Северна Ирска на гостувањето кај Холандија добро се бранеше 80 минути, дури и водеше, но на крајот прими три гола. Во септември, Германија победи во Белфаст со 2-0, па јасно е кој е фаворит. Германија има серија од осум победи по ред против вечерашниот противник, последниот кикс ѝ беше во 1996 година.
Предлог тип 1 & 4+ (2.20)
Велс – Унгарија (фудбал, квалификации за ЕП, 20.45 часот)
Ова е можеби и дерби на денот во квалификациите бидејќи станува збор за битка за второ место во групата и пласман на ЕП. Велс има еден бод помалку од Унгарците. Велшаните дома немаат пораз на последните пет меча, а Унгарија доби само едно од последните 12 гостувања. Унгарија дома го совлада Велс со 1-0, а според сите показатели, и овојпат не би требало да има повеќе од три гола.
Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.30)
Полска – Словенија (фудбал, квалификации на ЕП, 20.45 часот)
Полјаците со победа може да ни помогнат да го освоиме третото место во групата. Имаат мотив да ја победат Словенија, од која го претрпеа единствениот пораз во овој циклус. Иако веќе е на ЕП, Полска ќе сака да слави пред своја публика. И традицијата најавува дека гостите немаат големи шанси. Кога играле меѓу себе Полска и Словенија, а играле седум пати, никогаш не триумфирал тимот кој бил во улога на гостин.
Предлог тип: 1 (1.74)
Реал Мадрид – Химки (кошарка, Евролига, 21.00 часот)
Мадриѓаните имаат серија од три победи по ред, од кои едната минатата недела против Барселона. Химки има 6-2 по осум кола, а тоа е тим кој пред две и пред четири години победи во Мадрид. Реал во сите натпреварувања дома не знае за пораз уште од април, кога загуби од Жалгирис. Шпанскиот првак е во предност, веруваме дека ќе тргне силно на стартот и ќе ја добие првата четвртина.
Предлог тип: 1 во Q1 (1.55)
Алба – Црвена ѕвезда (кошарка, Евролига, 20.00 часот)
По поразот од Партизан, во Црвена ѕвезда атмосферата веројатно не е на посакуваното ниво, особено што пред тоа тесно загубија и од Асвел. Ѕвезда не игра добро на гостувањата, а и во Берлин во 2015 година беше поразена. Двата тима имаат само по две победи сезонава во Евролигата, па тука ќе има голема битка за двата бода. Кај Ѕвезда ќе фалат Перпероглу и Гист, а кај Алба повреден е Пејтон Сива.
Предлог тип: >162.5 (1.90)
Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:
Полска – Словенија Т1 2+ & ГГ (3.10)
Македонија – Израел 1Х & 2-4 (2.25)
Германија – Северна Ирска Т1 1+I & T1 3+ (2.10)