Холандскиот првак Ајакс треба да се навикне на новиот прекар – џелат. Иако Копјаниците не се директно виновни интересно е што сите нивни противници во Лигата на шампионите од минатата сезона имаат нови тренери. Последната жртва беше Маурисио Покетино, кој вчера принудно го напушти Тотенхем.
Ајакс минатата сезона во групната фаза се сретна со АЕК Атина, Баерн Минхен и Бенфика. Грчкиот тим изминатово лето го смени Мигел Кардосо со Никос Костаниоглу. Баерн Минхен пред неполн месец се ослободи од Нико Ковач, па сега на клупата на Баварците седи Ханс Флик, барем на неопределено време. Бенфика од почетокот на 2019 година го отпушти Руи Виторија и го замени со Бруно Лаже.
Во нокаут-фазата налетаа на Реал Мадрид, Јувентус и Тотенхем. Луис Сколари не издржа ниту една сезона на „Сантијаго Бернабеу“, повторно се врати Зинедин Зидан. Макс Алегри се збогува со Јувентус по пет години и сега Маурисио Сари е предводник на Старата дама. За Тотенхем е веќе познато – Покетино си замина, дојде Жозе Мурињо.
Опасен е овој ефект Ајакс.