Сејдини: Горди сме на овие квалификации, да продолжиме да веруваме во себе

Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, по освоеното трето место во квалификациите за ЕП 2020, што е најдобар пласман досега, јавно ги пофали фудбалерите и навивачите и посака да продолжат да веруваат во себе.

„Во име на Фудбалската федерација на Македонија и свое лично име би сакал да упатам благодарност до сите коишто дадоа придонес за успешната организација на натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2020 година. Исклучително ми е драго што заедно со вас, навивачите и поддржувачите на македонската репрезентација создадовме прекрасна атмосфера и на вистински начин ја потврдивме поврзаноста кон фудбалот и спортот воопшто. Ви благодариме!“.

„Би сакал да упатам искрена честитка до фудбалерите од нашиот најдобар национален состав за игрите и резултатите кои ги остварија во последниот квалификациски циклус за ЕВРО 2020. Многу е важно што фудбалерите веруваат дека можат, знаат колку се квалитетни, а со поддршка и навивање се подготвени за голем резултат. Треба да продолжиме да веруваме во себе“, додава претседателот.

„Благодарност до Министерството за внатрешни работи и до сите служби кои одлично ја завршија својата задача пред, за време и по натпреварите и им дадоа максимална помош на ФФМ и УЕФА целата организација на натпреварите да помине без проблеми. Исклучително ни е чест што добивме поддршка од државните институции и високите гости кои ги следеа натпреварите на македонската репрезентација на тој начин покажувајќи голема почит кон фудбалот и спортот воопшто. Ви благодариме! Благодарност до навивачите и љубителите на фудбалот – ова беа квалификации на кои сите можеме да бидеме горди!“, заврши Сејдини.

- Оглас -

Најнови вести