Лос Анџелес лејкерс има 12 победи во првите 14 меча и моментно е најдобар тим во НБА-лигата. Лејкерс утрово славеше на свој терен против Оклахома, а покрај шоуто на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, за време на еден тајмаут беше откриена и нова ѕвезда.
Десетгодишното дете Макс беше меѓу избраните во играта за погодување од три поени, слободни фрлања и од под кош. Со дресот на Лејкерс, Макс покажа завидна прецизност, а по неговиот настап сите навивачи беа воодушевени од прецизноста на детето, па дури му честитаа и ѕвездите на ЛА.
Малиот Макс вкупно успеа да погоди 30 поени за 30 секунди.
https://twitter.com/i/status/1197011528865595392