Еурофарм Работник загуби од Кокс Рихимае на гостувањето во Финска со 23:21 во нов драматичен меч за битолчани во Лигата на шампионите.
Дуелот беше неизвесен, а Кокс со два гола во последната минута ги освои бодовите. Имаше дури 17 израмнувања и малку голови, а во финишот домаќините подобро се снајдоа и победија.
Во првото полувреме двете екипи постојано се менуваа во водство, а Еурофарм поведе со 7:5, но не успеа со позитива да замине на пауза по 30 минути игра. На полувремето резултатот беше нерешен 13:13.
Гостите повторно и во вториот дел успеаја да поведат со два гола разлика, што беше и најголемиот плус и за двете екипи на мечот, но Кокс не се предаваше и со подобар финиш славеше со 23:21.
Со овој пораз битолчани паднаа на последното место со 4 бода од 9 меча, а Кокс го прескокна Прешов на претпоследното место и има шест бодови во групата Ц од Лигата на шампионите.