УЕФА најави дека ќе ја казни Холандската фудбалска федерација за банална причина, но попуст ќе нема за Лалињата.
На дуелот што Холанѓаните го добија против Естонија со 5:0 на „Јохан Кројф“ им се случи едноставен превид на домаќините.
Репризираа дел од моментите што се случуваа на теренот на големиот екран на стадионот, што според правилата на УЕФА, не е дозволено.
Банална причина за казна на меч што немаше резултатско значење, но попуст кај УЕФА нема и казна за Лалињата ќе има.
Холандија и пред мечот со Естонија беше пласирана на ЕП 2020 година, а во славеничка атмосфера во Амстердам ги декласира гостите со петарда.