Чудата на Дончиќ немаат крај – нов НБА рекорд (Видео)

Лука Дончиќ одигра уште една феноменална партија и постави нов рекорд на НБА . Словенецот во редовите на Далас беше незадржлив на мечот против Голден стејт. Далас го растури немоќниот противник и на крајот славеше со убедливи 142:94.

Дончиќ и на овој меч постави НБА-рекорд. Лука на теренот помина само 25 минути и 30 секунди и тоа беше доволно да направи трипл-дабл со учинок од 35 поени, 11 асистенции и 10 скока. Тој е првиот играч во историјата на НБА-лигата кој успеал за толку кратко време да направи трипл-дабл, а да има постигнато над 30 поени.

„Лука е посебен играч, со посебна улога во нашиот тим. Што повеќе да ви кажам? Ова што тој го прави веќе не е ништо чудно. Тоа станува нормална работа“, рече тренерот на Далас, Рик Карлајс.

Резулати од мечевите одиграни утрово: Филаделфија – Њујорк 109:104, Вашингтон – Сан Антонио 138:132, Атланта – Милвоки 127:135, Бруклин – Шарлот 91:142, Мајами – Кливленд 124:100, Торонто – Орландо 113:97, Чикаго – Деторит 109:89, Минесота – Јута 95:103, Денвер – Хјустон 105:95, ЛА клиперс – Бостон 107:104.

https://youtu.be/zOzcDieR0jg

- Оглас -

Најнови вести