Килијан Мбапе може да стане најплатениот фудбалер на светот ако ја прифати понудата на својот сегашен клуб Пари Сен Жермен од 150 милиони евра, плус бонуси за нов петгодишен договор.
Ниту еден фудбалер моментно нема годишна плата од 30 милиони евра, патем Килијан би добивал и бонуси ако прифати да остане уште дополнителни пет години во Париз.
За услугите на 20-годишниот офанзивец на ПСЖ и светски првак со Франција заинтересиран е Реал Мадрид, но прашање е дали може и ќе сака да парира на астрономската понуда на шеиците кои се сопственици на ПСЖ.
Во игра е и Јувентус, па ќе биде интересно да се види каква ќе биде одлуката на Мбапе и каде ќе ја продолжи кариерата.