Милионерите ги преживеаја убиствените контри на Падерборн (видео)

Падерборн за малку ќе ѝ го земеше скалпот на Борусија Дортмунд среде „Сигнал Идуна парк“. Првиот дуел од 12-тото коло во Бундеслигата заврши со реми при конечни 3-3, а домаќините спасот го најдоа во капитенот Марко Ројс и неговиот погодок во последните моменти од средбата. Милионерите на тој начин успеаја да го избегнат првиот домашен пораз во шампионатот.

Фудбалерите на Падерборн во првото полувреме шутнаа четирипати во рамките на Бурки, од кои три удари ја затресоа мрежата на швајцарскиот голман. Гостите го искористија нивното најсилно оружје, контра-нападот, па така се израдуваа на првите три обиди за погодок. Мамба на двапати се запиша во листата стрелци во петтата и 37-та минута, Холтман пред полувремето да зголеми на 3-0, па дури потоа домаќините дојдоа до почесниот гол кој го постигна Санчо непосредно по почетокот на второто полувреме. Англичанецот како да ги врати надежите на екипата со жолти дресови, па така се случи стрелбата на Витсел во 84-тата минута, односно Ројс во 90+3 минута за конечни 3-3.

Дортмунд по ова реми ќе остане на петтата позиција со 20 бода, а може да претрпи пад на табелата во зависност од останатите резултати во ова 12-то коло. Падерборн и натаму го држи фенерот на дното на табелата со пет бода.

https://twitter.com/Grillote4/status/1197962899584618496

https://twitter.com/GOALNETRF/status/1197970867340414976

- Оглас -

Најнови вести