Манчестер сити и Челзи играат за историја – двете екипи имаат свои силни адути

Манчестер сити во дербито против Челзи ќе се обиде да покаже дека и сезонава има сили да атакува на титулата во Премиер лигата. Граѓаните се незавидна ситуација, бидејќи во последниве 14 месеци никогаш не биле послабопласирани на табелата во првенството (четврта позиција).

За разлика од Сити, кај Челзи ситуацијата е многу попозитивна. Лондонскиот тим предводен од неколку млади ѕвезди и Франк Лампард како тренер во кој има голем потенцијал, на „Етихад“ треба да докаже дека не случајно е пред шампионот на табелата во моментов.

ГРАЃАНИТЕ ЈА ЧЕКААТ ЈУБИЛЕЈНАТА 400-ТА ПОБЕДА

Челзи игра одлично на гости и во шест меча освои 15 од можните 18 бодови, додека Сити веќе два пати киксираше пред своите фанови (4 победи, реми и пораз). Кај домаќините, на голот се враќа Едерсон кој не бранеше против Ливерпул, но сега е подготвен. Во Челзи се очекува враќање на Кристијан Пулишиќ кој исто така беше повреден.

Традицијата е на страната на Сити. Граѓаните победиле на пет од последните шест меча против Челзи, а пет пати не ни примиле гол. Мотив повеќе за домаќините ќе биде и фактот што Манчестер сити има 399 победи во Премиер лигата, што значи ова може да биде јубилеен триумф за нив. Серхио Агуеро има дадено 10 гола против Челзи, бројка со која не може да се пофали ниту еден друг активен играч во Англија.

ЧЕЛЗИ ИМА СЕДУМ ТРИУМФИ ПО РЕД НА ГОСТИ, СЕ ЧЕКА ИСТОРИСКАТА ОСМА ПОБЕДА

Челзи нема победа на 10-те последни гостувања кај екипи од Топ 6, но сезонава игра одлично на туѓ терен и ќе се обиде да постигне историски осум победи во низа на гости. Челзи на последното гостување загуби убедливо со 6:0 кај Сити, што е нивни најтежок пораз во историјата на Премиер лигата. Сега лондончани ќе се обидат да бидат многу подобри од пред девет месеци.

Според најавите, двајцата тренери ќе може да играат во речиси најсилните состави.

МОЖНИ СОСТАВИ

Манчестер сити: Едерсон, Вокер, Стоунс, Фернанрдињо, Менди, Родри, Давид Силва, Де Брујне, Марез, Стерлинг, Агуеро.

Челзи: Аризабалага, Аспиликуета, Зума, Томори, Емерсон, Канте, Жоргињо, Ковачиќ, Вилијан, Абрахам, Маунт.

 

- Оглас -

Најнови вести