Видете кој ќе суди и ќе знаете како ќе завршат дуелите Аталанта – Јувентус и Милан – Наполи

Џанлука Роки ќе биде делителот на правдата на мечот Аталанта – Јувентус во еден од најинтересните мечеви во Серија А за овој викенд. Аталанта е тим кој игра во Лигата на шампиони, па сигурно нема лесно да се предаде против Старата дама. Сепак, шампионот е фаворит, иако ќе игра без Роналдо и Кјелини. Кај домаќините ќе недостасуваат суспендираните Иличиќ и Малиновски.

Кога Роки е главен судија, Јувентус речиси има загарантирана победа. Најтрофејниот италијански тим има 28 победи, четири реми и четири порази со овој арбитар. Аталанта со Роки како судија има биланс од 10 победи, шест реми и девет порази.

Интересно е што Јувентус повеќе од една и пол година се нема радувано против Аталанта. Последните два меча во Серија А завршиле нерешено, а тимот од Бергамо победи со 3:0 во Купот во јануари оваа година.

На второто денешно дерби во Серија А, Даниеле Оресто ја доби довербата да го суди мечот Милан – Наполи. Овој судија има голема историја за двата тима, а интересно е што сака да покажува црвени картони. Оресто дури 42 пати му судел на Наполи, кој е со биланс од 15 победи, 14 реми и 13 порази.

Милан со Оресто како главен судија има девет победи, 11 реми и седум порази. Арбитарот има дадено седум црвени картони на играчи на Наполи, а пет пати исклучувал играч на Милан, што значи дека може да се очекува некој играч и денеска да не го заврши дуелот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести