После натпреварот на Ајакс и Хераклес од холандската лига, тренерот на гостите даваше изјава на германски јазик, а аналитичарот во студиото, Марко Ван Бастен, во шега го коментираше германскиот на новинарот, и рече: „Зиг хајл, не баш убаво, факухен (палачинки)“.
Нацистичкиот поздрав кој го користеа Германците за време на Втората светска војна, а кој беше јавно употребен од Ван Бастен во телевизиска емисија, згрози многумина, па легендата мораше да се извинува.
„Не го кажав тоа за да шокирам или навредам некого. Само сакав да го објаснам германскиот на новинарот, тоа беше шега“ – се бранеше Ван Бастен.
И од телевизијата се извинија за инцидентот и непримислениот гест на човекот кој на холандската репрезентација ѝ донесе титула европски првак во 1988 година со незаборавниот гол против некогашен СССР во финалето.