Кошаркарскиот тим на Работнички загуби на последните две гостувања, од дебитантот Академија ФМП, и од Еуро Никел во Кавадарци, но враќањето дома во „Градски парк“ е плус за нив пред дербито со МЗТ Скопје Аеродром од 18 часот.
За Димитар Мираковски ова ќе биде прво искуство како тренер во дербито, а како еден од главните адути во својот тим ќе го има Данило Мијатовиќ, кој е некогашен играч на МЗТ со кој освои неколку трофеи во минатото. На центарската позиција кај „црвено-белите“ е Љубомир Младеновски кој дојде од Аеродром.
МЗТ Скопје влегува во дербито после успех во АБА 2 лигата, но „металците“ останаа без Марко Симоновски. Кај МЗТ игра Бојан Крстевски, кој летово дојде од Работнички.
Овој дерби натпревар ќе има и хуманитарен карактер, затоа што раководството на КК Работнички одлучи, средствата собрани од влезниците да се наменат за изградба на куќа на семејството Јовановски од Битуше.
Според квотите во Sport Life, благ фаворит е Работнички. Коефициентот за единица е 1,88, а за победа на МЗТ е 2,05. Може да типувате и на полувреме-крај, на поени, скор по четвртини, и на сите други бројни игри како за НБА и евролигашките мечеви.