Фудбалерите на Ајакс без поголеми проблеми со 4:1 го победија Хераклес, но мечот се памти по потегот кој беше уште на стартот на средбата. Двете екипи во договор со судијата, решија првата минута од дуелот да го посветат во борба против расизмот.
Душан Тадиќ го изведе почетниот удар, но наместо да почне натпреварот, играчите на двете екипи, судијата, заедно со публиката и сите останати на стадионот, започнаа да аплаудираат во знак на поддршка за Ахмед Мендес Мореира од второлигашот Ексцелсиор, кој беше расистички навредуван во текот на гостувањето кај Ден Бош.
Едноставно во Холандија на големо трае борбата против расизмот, а тоа се покажа и на последниот меч на националниот тим, која Френки де Јонг и Џорџино Вајналдум покажаа дека бојата на кожата не смее да биде причина за разидинување. Сега и играчите на Ајакс и Хераклес се вклучија во борбата против расизмот.
Ajax and Heracles didn’t kick the ball for the first minute of today’s league match in protest at racism.
Clubs across the country’s top two divisions agreed to the measure after Excelsior’s Ahmad Mendes Moreira was subjected to racist abuse last weekend. pic.twitter.com/T200UexKdj
— ESPN FC (@ESPNFC) November 23, 2019