Луд меч во Шефилд – Манчестер губеше со 2:0, поведе со 3:2, ама не победи

Шефилд јунајтед и Манчестер јунајтед дадоа по три гола, но на крајот освоија по еден бод, во можеби најинтересниот меч во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата. Дуелот со многу драма и неизвесност беше најавен уште во 19 минута кога домаќините ја искористија грешката на Фил Џонс, а Флек погоди за 1:0. На почетокот на вториот дел, Мусет зголеми на 2:0 за Шефилд.

До тој момент, Манчестер имаше само еден директен удар кон голот на противникот и делуваше дека нема спас за Црвените ѓаволи. Сепак, во 72 минута започан шоуто на гостите. Вилијамс погоди за 1:2, а потоа мрежата на Шефилд ја тресеа и Гринвуд и Рашфорд за да во 79 минута биде 3:2 за Манчестер јунајтед.

И покрај покот, Шефилд не се предаде и со погодок во судиското надополнување стигна до 3:3, а ВАР системот само даде дополнителна тензија, но погодокот беше регуларен и домаќините славеа бод против големиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести