Реакцијата на Галјардо по примените голови од Фламенго е легендарна (Видео)

На Марсело Галјардо не му беше лесно да гледа како неговиот тим испушти предност од 1-0 во последните минути од финалето на Копа Либертадорес.

Една од камерите беше фокусирана кон тренерот на Ривер плејт, а според виденото, може да се каже дека прилично машки ги поднесе примените голови. Веројатно не му се веруваше дека тоа што се случи е реалност, беше во шок, па немаше „трескање од земја“ или држење за глава. По вториот гол на Габриел Барбоса, Галјардо направи неколку чекори, си го допре носот, ги охрабруваше играчите, но гестикулураше незадоволство со вртење на главата.

Еве како Галјардо ги преживуваше критичните моменти:

https://www.youtube.com/watch?v=fONoVdtmElY

- Оглас -

Најнови вести