Погба играше кошарка, но веќе нема да заигра за Манчестер јунајтед

Пол Погба последниот меч во дресот на Манчестер јунајтед го одигра на крајот од септември, во дербито против Арсенал. Французинот потоа се повреди и остана надвор од теренот веќе два месеца. Иако пред неколку дена сам си се фалеше како игра кошарка, тешко дека повторно ќе го видиме во дресот на Манчестер јунајтед.

Најавите се дека веќе се работи на трансферот во Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок. За да нема ризик и евентуална нова повреда, Погба веќе нема да игра за гигантот од „Олд Трафорд“. Се очекува трансферот на Погба во Реал да чини околу 150 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести