Мадриѓани масовно ќе му искажат љубов на најдобриот млад фудбалер на светот

Килијан Мбапе го сака Реал Мадрид, а и Реал Мадрид го сака Мбапе, па затоа вечерва, кога Кралскиот клуб ќе се сретне со ПСЖ, сите погледи ќе бидат свртени кон Мбапе.

Во гостинскиот тим има уште тројца фудбалери кои се поврзани со Реал. Голманот Кејлор Навас летоска од Мадрид се пресели во Париз, Пабло Сарабија кариерата ја почна во младиот тим на Реал, а 13-кратниот европски првак летоска флертуваше со Нејмар, но трансферот не се реализираше.

Сепак, во фокусот е Мбапе, целта број 1 на Реал за преодниот рок во летото 2020 година. Вчера дуел околу него имаа и тренерите. Зинедин Зидан рече дека е заљубен во младиот сонародник и дека секој би сакал таков играч во тимот. Одговорот на Томас Тухел беше дека некогаш сакаме некого кого не можеме да го имаме и дека е среќен што Мбапе ќе игра за него, а не за Зидан.

- Оглас -

Најнови вести