Контроверзниот Пол Погба, кој веќе два месеца е без активности со Манчестер јунајтед поради повреда, на својот инстаграм-профил објави видео како трча на специјална лента за трчање. Тоа значи дека Французинот е во завршен процес на рехабилитацијата и дека наскоро ќе се врати на терените.
„Со божја волја, наскоро ќе се вратам“, напиша Погба, така што Оле Гунар Солскјер во најскоро време ќе може да смета на неговите услуги. Погба последен пат играше во септември, во ремито против Арсенал, кога ја обнови повредата на глуждот.