Кристијано не би сакал оваа снимка да се појави во јавност (Видео)

Јувентус и Атлетико Мадрид вечерва во Торино ќе водат битка за првото место во групата, а добра вест за фановите на Бјанконерите е што Кристијано Роналдо ќе може да игра и според сите најави, ќе биде стартер, додека Пауло Дибала ќе биде резерва.

Но, на последниот тренинг на Старата дама, Португалецот беше засрамен откако му ја протнаа топката низ нозе. Овој момент предизвика смеење и радосни извици кај соиграчите на Роналдо, а Дибала дури аплаудираше.

На Кристијано не му се допадна што колегите си играа мајтап со него, па вечер лут и мотивиран ќе излезе на теренот, а тоа не е добро за гостите од Мадрид кои често страдале од него во минатото.

https://twitter.com/i/status/1199282352830197760

- Оглас -

Најнови вести