Нема посмешно од ова – Пенал за ПСЖ и црвен картон за Реал Мадрид, па пу-пу не важи (Видео)

Португалскиот судија Соарес Дијас направи вистински калабалак откако досуди пенал за ПСЖ и патем му додели и црвен картон на голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, а потоа се премисли и со асистенција на судиите од ВАР-собата ја поништи одлуката.

Се случи трагикомична ситуација, па акцијата беше вратена назад и беше досуден фаул над Марсело. Потоа имаше уште десетици допири на топката и пенал за гостите, но може и вака во Лигата на шампионите.

https://youtu.be/TpOGwD92mXY

https://www.youtube.com/watch?v=8D4Lc_1iy_M

Се поставува прашањето зошто тогаш се судиите кога Соарес не го виде фаулот над Марсело, а беше чист како солза, па дозволи да продолжи акцијата и да настане вистински калабалак. Пеналот беше поништен и црвениот картон за Куртоа, па Реал се спаси и продолжува во второто полувреме со предност од 1:0, со голот на Карим Бензема.

- Оглас -

Најнови вести