Клубот кој стана светски познат поради трагедијата во која загина речиси целиот тим, сега повторно има лоши вести. Бразилскиот Шапекоенсе загуби на свој терен од Ботафого, а по резултатите на останатите мечеви, тимот и официјално испадна од првата бразилска лига.
Испаѓањето на Шапекоенсе доаѓа на точно три години од авионската трагедија. На 28 номеври 2016 година се случи падот на авионот во кој загинаа 71 од 77 луѓе кои летаа кон Меделин, Колумбија. Во таа несреќа загинаа 19 од 22-цата фудбалери на Шапекоенсе кои патуваа да го одиграат финалето во Суд Американа.
И покрај тоа што во тој момент останаа речиси без ниту еден играч, Шапекоенсе не се предаде и успеа да собере играчи и да продолжи да се натпреварува во најсилната бразилска лига. Сепак, на точно тригодишнината од авионската несреќа, клубот испадна од елитата.
„За жал, немаме веќе шанси да останеме во Серија А. И покрај тешките времиња, нема да се предадеме. Со напорна работа и со помош на навивачите, повторно ќе се вратиме во првата лига“, стои во соопштението на клубот. Шапекоенсе успеа да се задржи во првата бразилска лига шест сезони, а најдобриот успех го оствари во 2017 година, кога заврши на осмото место.
Final de partida.
Com o resultado, infelizmente, não temos mais chances matemáticas de permanecer na Série A. Apesar do momento difícil, não iremos nos entregar. O ORGULHO DE SER CHAPE permanece, independente da divisão.
Com trabalho e a força da torcida, em breve voltaremos! pic.twitter.com/FZxqdNAnhO— Chapecoense (@ChapecoenseReal) November 28, 2019