Тимот на МЗТ Скопје Аеродром за кошаркари до 18 години, со победа над Морнар од 82-73, го почна настапот во АБА лигата, на првиот турнир сезонава кој се игра во Задар. МЗТ победата ја извојува после продолжение од пет минути.
Виктор Исајлоски со 26 поени и шест скока беше најзабележителен поединец. Дарио МИтевски придонесе со 17 поени, а Љубиша Димитровски уфрли 15 поени.
Утре од 11.45 часот, јуниорите на МЗТ играат со домашниот Задар, кој денеска загуби од Цедевита Олимпија со 71-85. Во вечерниот термин, МЗТ ќе игра против Црвена ѕвезда која со 95-50 ја растури Приморска од Словенија.