Може ли Барселона да му даде два гола на Интер без Меси?

Мечот Барселона – Интер е дербито на вториот ден од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите. Барселона ќе мора да се снаоѓа без Лионел Меси, кој се повреди во саботата, на средбата против Севилја, па ќе мора да паузира околу еден месец. И Интер е ослабен во пресрет на гостувањето на „Камп ноу“. Без моторот во екипата, Раџа Најнголан, Лучијано Спалети стравува дека битката ќе ја загуби на средината од теренот.

Мечевите од Лигата на шампионите се нешто што не треба да се пропушти кога ќе се обложувате во SPORT LIFE, а ние Ви помагаме со пет мини-анализи и предлози.

Барселона – Интер (21 часот)

Барса и Интер за првпат по 2010 година повторно се среќаваат во Лигата на шампионите. Секако, тогаш борбата се водеше за влез во финалето, Интер од тој двомеч излезе како победник со вкупни 3-2 (3-1 на „Џузепе Меаца“, 1-0 на „Камп ноу“), а подоцна и го освои европскиот пехар. Со еднаков број бодови (по шест) по два натпревари во групата, Барса и Интер најавуваат борба за првото место, иако е рано сега да се решава за тоа, победа за која било екипа сигурно ќе биде пол-позиција за влез во нокаут-фазата.

Избраниците на Спалети со голем мотив и расположение доаѓаат во Шпанија, викендот го совладаа градскиот ривал Милан, а имаат и серија од седум победи во сите конкуренции и сигурно нема да сакаат таа серија да прекине вечерва.

Барса, пак, полека влегува во колосек, убедливиот триумф над Севилја од 4-2 е како потврда за тоа. Подобриот биланс во меѓусебните пресметки против Интер (три победи Барса, еден триумф Интер, две реми) исто така треба да биде мотивација за Каталонците да продолжат во ист ритам против тимот од Милано.

Предлог тип:  T12+ & ГГ (2.50)

 

ПСВ – Тотенхем (18.55 часот)

Ова е вистински момент за Тотенхем да издвои победа, но тоа важи и за ПСВ. Холандскиот првак и премиерлигашот влегуваат во битка за први бодови во групната фаза, по поразите од Интер и Барса. На хартија, фаворит е Тотенхем, но ПСВ со помош на поддршката од преполната арена „Филипс“, нема толку лесно да се предаде. Ова ќе биде само трета меѓусебна пресметка, во 2008 година Тотенхем и ПСВ играа осминафинале во Лигата на Европа, а откако двата меча завршија со резултат од 1-0, ПСВ во реваншот беше подобар по пенал-рулетот.

Предлог тип: X2 & 3+ (2.40)

Пари Сен Жермен – Наполи (21 часот)

Заедно со дуелот Барселона – Интер, ова ќе биде една од највозбудливите средби вечерва. „Светците“ и „наполитанците“ за пр пат ќе ги вкрстат копјата во Европа, а овој меч ќе биде посебен од неколку аспекти. Карло Анчелоти се враќа на „Паркот на принцовите“, каде што од 2011 до 2013 година, две сезони го водеше тимот на ПСЖ и придонесе за освојување на третата шампионска титула во клупската историја. На другата страна, пак, ова ќе биде емотивен меч за Единсон Кавани, кој ќе се сретне со „својот“ Наполи откако го напушти во 2013 година.

Тухел го одмори Нејмар за викнедот, па Бразилецот со полни батерии се очекува одново да блесне. Но, не е само тој, и Мбапе е во форма, забива на секој меч, а ПСЖ со чиста десетка од француското првенство ќе се обиде да ја продолжи низата триумфи.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (1.90)

 

Клуб Бриж – Монако (18.55 часот)

„Кнезовите“ направија реформи во стучниот штаб, замина Жардим, а тимот го презеде Тиери Анри. Легендарниот Французин не се прослави на дебито на клупата на Монако, загуби со 2-1 од Стразбург во францускиот шампионат, а вечерва ќе оди на поправен „испит“ , но прашањето е дали може да смени нешто во тимот за толку кратко време. Бриж им покажа заби на Атлетико во минатото коло. Можеби загубија со 3-1, но добро ги намачија „јорганџиите“, особено во првите 45 минути.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.80)

 

Галатасарај – Шалке (21 часот)

Вечерашните ривали ќе го одиграат само третиот меѓусебен дуел во европски рамки. Кога Галатасарај и Шалке последен пат играа во Лигата на шампионите во 2013 година, се водеше борба за пласман меѓу најдобрите осум екипи.По ремито од 1-1 во Истанбул, турскиот состав славеше со 3-2 на „Велтинс“ со голот на Умут Булу во 95-тата минута. Германците само што се разиграа и почнаа да редат победи, Вердер ги спушти на земја во последното коло од Бундеслигата со пораз од 2-0, а Галатасарај игра „топло-ладно“ во последните неколку меча во сите конкуренции, па прашање е колку се подготвени да го надиграат тимот на Шалке, за кого победа годинава е реткост, но за неа се борат до последен здив.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.02)

 

- Оглас -

Најнови вести