Тимот на МЗТ Скопје Аеродром за кошаркари до 19 години, го победи Задар со 80-71, и ја извојува и втората победа во вториот настап во јуниорската АБА лига, откако на стартот тимот на тренерот Горан Крстевски беше подобар од Морнар. На трибините во салата во Задар беше и легендарниот хрватски бек Марко Поповиќ, кој кариерата ја почна во Задар.
Митревски со 17, Кацарски со 16 и Орлов со 13 поени беа најефикасни кај МЗТ, но придонес даваа уште неколку играчи, па победата е резултат на тимска игра.
Многу време за радост нема. Веќе вечерва во 20.15 часот, МЗТ има дуел со силната Црвена ѕвезда, која истотака има две победи во првите две рунди. Утре, во можеби решавачкиот натпревар за второто место во оваа група кое води на финалниот турнир, МЗТ игра со Цедевита Олимпија, а на крај, в недела, ќе има пресметка и со Приморска.