Прогнозерите советуваат: Почеток со кец, финиш со двојка – Одиграјте и вие Спортска прогноза

Почеток со кец на мечот Барнли – Кристал Палас денеска од 16 часот и за крај двојка на локалното дерби во Бундеслигата меѓу Мајнц и Ајнтрахт прогнозираат грото од нашите учесници во 13. коло на Спортската прогноза.

И вие можете да се приклучите, а пред да го сторите тоа денеска до 16 часот, лесно можете да проверите со каков процент се типува на 13 двојки од основната програма во ова коло, на нашата бесплатна игра и на двата резервни пара.

Досега главен фаворит на нашите прогнозери кои веќе ги типувале 13+2 двојки е Атлетик Билбао против Гранада. Дури 87.7 проценти очекуваат единица на „Сан Мамеш“, а најголем фаворит како гостинска екипа е Милан против Парма. Иако европскиот гигант не игра во рангот на реномето што го има 57.7 проценти од прогнозите се дека ќе слави на „Енио Тардини“ во меч што ќе се игра утре од 15 часот во Серија А.

Има уште дузина интересни натпревари што ви ги нудиме во 13. коло од Спортската прогноза, а во фокусот е шпанското дерби меѓу Атлетико и Барселона.

Ви останува само да се приклучите со својата прогноза и да очекувате вредни награди. Во секое коло за погодени 13 двојки премијата е „IPhone XS“, а и да промашите еден, или два пара ви следуваат ваучери од 1.000 и од 500 денари.

Вреди да се игра и за што подобра позиција во Генерален пласман, а тука важат и поените од резервните парови. Главната награда што ќе ја доделиме по завршувањето на втората сезона на Спортската прогноза е Смарт ТВ од 48 инчи.

Ќе има уште многу други награди и изненадувања, а веќе знаете дека играта е бесплатна и мнпгу лесно можете да се приклучите. Прогнозирајте, забавувајте се и очекувајте убави награди.

 

- Оглас -

Најнови вести