Прогнозерите беа одлични вчера, денес нудат тикет со коефициент 156

Рекордни 1392 учесници имаме во 13-тото коло од Спортска прогноза. По вчерашните одиграни пет меча, во трката за освојување на мобилниот телефон iPhone XS, остануваат уште 13 играчи. Едноставно се е во знакот на бројот 13 овој викенд. Во 13 коло, засега остануваат 13 кандидати за „Среќна 13-ка“, која го носи вредниот iPhone XS.

За денеска на програмата има седум меча од ова коло, во кое прогнозерите даваат интересни предлози. Како за почеток има два речиси сигурни „кеца“. Над 87 отсто од прогнозерите веруваат дека Атлетик Билбао ќе слави против Гранада, додека 66 отсто е веројатноста дека Вулверхемптон ќе ги освои трите бода против Шефилд јунајтед. Единиците на овие меча, во Sport Life се со коефициенти 1,77, односно 2,00.

Речиси 60 отсто од прогнозерите веруваат дека Милан конечно ќе се израдува на гостински триумф и тоа кај Парма, а коефициентот за такво нешто е 2,18. Во дербито во Швајцарија, Базел ја има предноста на домашен терен, а за 55 отсто од играчите на Спортска прогноза, тоа може да биде и доволно да победи против Јанг Бојс. Коефициентот за „кец“ е 2,45. И Хетафе треба да ја има предноста на домашен терен против Леванте, па за радост на домаќините се 65 отсто од прогнозерите, а коефициентот за тоа е 1,70.

Денеска се очекува да има и два нерешени меча. Едниот е во Франција на кој Рен е домаќин на Сент Етјен, а дури 47,5 отсто веруваат во „икс“, кој вреди 3,35 коефициент. Највозбудливиот меч за денеска и воопшто во ова коло на Спортска прогноза е дербито во Шпанија меѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Малку се тие што очекуваат победа на Валенсија, а речиси израмнет е бројот на оние што типувале икс или двојка.43,9 отсто се за нерешено, а 42,1 отсто веруваат во победа на каталонскиот гигант. Затоа предлогот е Х2 со коефициент 1,45.

Вкупниот коефициент на овие седум меча е  156,1, што значи дека за 100 вложени денари потенцијалната добивка е 15.613 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести