Микаела Шифрин ја забележа 62. победа во кариерата во Светскиот куп, откако денеска беше убедливо најдобра на патеката во Килингтон.
Американката победи со предност од 2.29 секунди пред Петра Влхова и 2.73 секунди пред Ен Свен-Ларсон, што е премногу убедливо за трка во слалом.
Со новиот триумф Шифрин се израмни со легендарната Анемари Мозер Прел со по 62 победи на четвртото место на вечната листа.
Пред нив се само Ингемар Стенмарк со 86 победи, Линдѕи Вон со 82 и Марсел Хиршер со 67.
Шифрин победи на двата слаломи на почетокот на новата сезона и има максимални 200 бода.