Далас е само третиот тим кој успеа да го надигра моментално најефикасниот состав во НБА-лигата среде „Стејплс центарот“. Маверикс славеа со убедливи 114:110 над ЛА лејкерс. Шестнаесеткратниот првак вторпат сезонава загуби на домашен терен, а еден од виновниците кој ја расипа забавата во Ел- Еј е Лука Дончиќ.
Се разигра младиот Словенец по спориот старт и успеа да приреди изненадување преземајќи ја работата во свои раце во третиот период, па на тој начин ѝ стави крај на низата од 10 последователни победи на Езерџиите. Од вкупно 27 поени, Дончиќ дури 16 ги реализира во четвртината по паузата од 15 минути, а Далас со серијата од 17-0 го најави потопот на лидерот од Западната конференција.
Luka Doncic drops 16 3rd quarter PTS for the @dallasmavs on League Pass! #MFFL pic.twitter.com/WmenDd55M4
— NBA (@NBA) December 1, 2019
Дончиќ во 13-тата победа на Далас за малку ќе запишеше трипл-дабл учинок, му недостасуваше еден скок во статистиката од 27 поени, 10 асистенции и 9 скока. Од ефикасниот учинок со сигурност ќе ја издвои тројката преку неговиот идол Леброн Џејмс како најомилен поен од оваа средба.
Luka. Triple.#MFFL pic.twitter.com/AvAqxayxqy
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 1, 2019
Младата ѕвезда на Далас имаше помош и од Рајт со 17 поени, по 15 постигнаа Порзингис и Повел. Џејмс (25 поени, 9 скока и 8 асистенции) и Дејвис (27 поени, 19 скока) со комбинираните 47 поени ноќеска не беа доволни за одржување на победничкиот ритам на Лејкерс.