Милвоки гази сѐ пред себе

Милвоки продолжи со блескавите игри и победи откако утрово со 132:88 го растури Њујорк. Уште во првата четвртина Милвоки поведе со убедливи 33:15, а до полувремето разликата во корист на домаќините веќе беше 27 поени и беше јасно дека тоа ќе биде убедлив триумф.

Јанис Адетокумбо очекувано беше најдобар играч на теренот. Популарниот Грик Фрик заврши со 29 поени и 15 скока, а Милвоки ја продолжи победничката серија на 12 средби во низа.

Тимот кој во претходните неколку сезони беше познат по незадржливиот напад, Голден стејт, сезонава има проблеми со многу повредени играчи и едноставно не може да парира на противниците. Воините дадоа само 79 поени на гости кај Атланта во поразот од 104:79.

Резултати: Шарлот – Феникс 104:109, Филаделфија – Јута 103:94, Атланта – Голден стејт 104:79, Мемфис – Индијана 104:117, Милвоки – Њујорк 132:88, Сакраменто – Чикаго 106:113.

- Оглас -

Најнови вести