Навистина среќна 13-ка, најуспешно коло на Спортска прогноза

Измина 13-тото коло на Спортска прогноза, кое може да го прогласиме за најуспешно во втората сезона. Иако мобилниот телефон iPhone XS остана неосвоен, шестмина прогнозери ќе си добијат вредносни ваучери од Sport Life за 11 погодени парови. Тоа значи дека за бесплатно типување сега имаат можност со ваучери од по 500 денари да добијат и парични добивки со уплати во Sport Life.

Последен во колото беше мечот Мајнц – Ајнтрахт, на коштој двајца прогнозери чекаа „двојка“ за да имаат по 12 погодоци, што ќе им донесеа ваучери од по 1.000 денари. Сепак, Мајнц ја искористи предноста на домашен терен и победи, а тоа беше радост за четворица кои типувале „кец“, па токму тоа и нив им донесе ваучери од по 500 денари во Sport Life.

Ваквата игра на прогнозерите е само најава дека прашање на време е кога ќе „падне“ и мобилниот телефон iPhone XS. Затоа треба да се продолжи со игра и да нема откажувања. Причина плус да се игра во секое коло е и Генералниот пласман, каде што ќе има награди на крајот од сезоната за најуспешните.

Денеска во 14 часот ќе излезат паровите за новото 14-то коло коло, па затоа подгответе се за нови прогнози за „Среќна 13-ка“.

- Оглас -

Најнови вести