Од Парма му порачаа на Кулушевски да не чита што се пишува за него

Дејан Кулушевски останува во Парма до крајот на сезонава, тврди тим-менаџерот на овој италијански прволигашки клуб, Алесандро Лукарели. Според Лукарели, на младиот Швеѓанец со македонско потекло „умот му го матат“ пишувањата по медиумите дека многу големи клубови сакаат да го купат уште во јануари. Најзаинтересиран за Кулушевски е Интер, но и други клубови се во контакт со неговиот менаџер.

„Дејан ќе остане кај нас до крајот на сезонава. Тој е многу младо момче и не смее да чита што се пишува за него. Такви претерани фалби, особено за млада личност, може да придонесат за пад во перформансите. Треба само да продолжи да го прави тоа што го прави и досега“, порача Лукарели.

 

- Оглас -

Најнови вести