Спортска прогноза ја чека првата стотка и првиот добитник на „ајфон“

Се вжештува битката во Генералниот пласман на Спортската прогноза, а во тек е 14-тото коло во кое може да се случи да го имаме првиот учесник што ќе ја пробие границата од 100 поени.

Моментно со 92 поени лидер е Петре И., а 90 или повеќе поени имаат точно десетмина учесници во нашата игра, која е бесплатна.

Време за да се направи пресврт или да се сочува врвот има уште, но секако треба и редовно да се игра во секое коло на Спортската прогноза.

Дури и да се вклучите сега, во 14-тото коло можноста да бидете добитник на вредна награда е реалност. Во секое коло се доделува прекрасниот IPhone XS, што е предизвик да ја играте Спортската прогноза која е сè попопуларна и има доста учесници.

Во 14-тото коло, како и секогаш, има интересни мечеви, а во фокусот се трите градски дербија. Прво на менито со основните 13 натпревари ќе се игра во Шпанија, меѓу Леванте и Валенсија. Градските ривали ќе бијат битка за бодови, а го очекуваме Енис Барди во почетната постава на Леванте, секако и посакуваме да постигне и гол(ови) со неговата специјалност, слободните удари.

Тринаесетката во 14-тото коло завршува со дуелот меѓу Вест хем и Арсенал, а лондонското дерби ќе се игра во понеделник.

Прв резервен пар е уште едно големо градско дерби меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед, а колку се важни поените и од двата дополнителни пара на Спортска прогноза, знаат сите учесници што се во игра за шампионската круна во Генералниот пласман и главната премија Смарт ТВ од 48 инчи.

Можност да типувате, но и да се вклучите во играта имате до сабота, до 15.30 часот, до почетокот на првиот меч меѓу Фрајбург и Волфсбург.

 

- Оглас -

Најнови вести