Му удри адреналин во глава – Ги испотепа противниците со чуден поздрав (Видео)

Џастин Бас, репрезентативецот на Филипини, во возрасна категорија до 22 години се однесуваше чудно кон ривалите од малезиската фудбалска репрезентација при поздравувањето по мечот што се играше на Југоисточните игри на Азија.

Филипни победи со резултат 1:0 со кој и двете селекции испаднаа, што не му се допадна на Бас, па почна без контрола да мафта со рацете. На селекцијата на Филипини ѝ требаше уште еден гол за да се надева на настап во плејофот, но тоа не се случи.

Репрезентативците на Малезија беа гневни на потегот на играчот, кој настапува во втората холандска лига за екипата на Јонг АЗ,  но, за среќа, не дојде до потежок инцидент.

Погледнете го чудниот поздрав на Џастин Бас со ривалите од малезиската селекција за играчи до 22 години.

- Оглас -

Најнови вести