Предизвикувачот на Хабиб Нурмагомедов во битката за титулата на УФЦ во лесна категорија, Тони Фергусон, го предизвика идниот соперник со кој ќе се бори на 18 април во Бруклин и е сигурен дека ќе го разбие Русинот кој досега не знае за пораз во октагонот.
„Им кажав на сите, ќе го натерам Хабиб да уринира крв. Тој човек има проблем, а проблемот се вика Тони Фергусон. Сезоната за лов е почната“- изјави Американецот, познат по прекарот Ел Кукуј.
Хабиб Нурмагомедов има скор 28-0, последната победа му беше во септември против Дастин Поарие, но 35-годишниот Фергусон кој тренира напорно, не му се плаши и вели дека Хабиб ќе биде прегазен како од брз воз.