Најкорисниот играч во НБА-лигата, Јанис Адетокумбо, ноќеска повторно во улога на лидер го предводеше Милвоки до нова победа. Бакс славеа со 127:103 на гостувањето кај Детроит пистонс, меч во кој популарниот Грик Фрик реализира 35 поени и 9 скока за помалку од 28 минути, учинок кој беше доволен за Милвоки да ја нареди 13-тата победа, вкупно 19-та по 22 натпревари.
По мечот, Јанис направи прекрасен гест и израдува млад фан на Милвоки. Девојчето за својот роденден како подарок ги доби патиките со кои Адетокумбо играше, потпишани од НБА-ѕвездата и потоа го овековечија моментот.
https://twitter.com/Bucks/status/1202418341639573505