Најголемата млада ѕвезда во Серија А сезонава, нашинецот Дејан Кулушевски, кој игра на позајмица за Парма, но е играч на Аталанта, откри кој му е ритуалот на секој натпревар и колку е суеверен, а и тоа дали сега откако стана познат е популарен кај девојките.
„Пред да излезам на терен, џвакам мастика. Ако го погрешам првото додавање, тогаш ја фрлам гумата за џвакање, а ако не направам грешка, тогаш не ја плукам, туку ја чувам до крај“, открива Кулушевски, кој е роден во 2000 година, а од неодамна е сениорски репрезентативец на Шведска.
Некои тренери велеле дека никогаш нема да стане добар играч бидејќи премногу дрибла. За Дејан, фудбалот е неговиот живот, па и на социјалните мрежи постојано објавува фудбалски фотографии и објави поврзани со овој спорт.
„Фудбалот е најубавото нешто за мене. Сестра ми ме кара зошто ставам само фудбалски слики. Веројатно затоа и на ‘Инстаграм’ повеќе ми пишуваат играчи на ‘Фантази’ отколку девојки“, вели Кулушевски.