Македонија ќе биде учесник во Златната европска лига, а одбојката продолжува да напредува по историскиот настап на Европското првенство во септември годинава.
Со многу солидниот настап на ЕП се пробивме до 21-вото место на ранкинг-листата на ЦЕВ, а тоа ни носи настап едно ниво погоре, па Сребрената лига ќе ја замениме со Златна.
Ќе се игра во мај и јуни следната година, а покрај Македонија, ќе играат уште 11 репрезентации. Белгија, која е шеста одбојкарска сила во Европа, ја предводи листата на учесници во Златната лига, а ќе настапат и Холандија, Чешка, Турција, Украина, Словачка, Шпанија, Естонија, Португалија, Белорусија и Романија.