Сен Максиман заслужи гол – По 46 утки, конечно ја погоди мрежата во Премиер лигата (Видео)

Алан Сен Максиман го скрши проклетството во Премиер лигата и конечно го постигна деби голот за Њукасл, вечерва против Шефилд јунајтед во меч од 15-тото коло.

Педантните статистичари во Англија му изброија на 22-годишниот француски интернационалец дека до вечерва имаше упатено дури 46 непрецизни удари кон голот на противничките екипи, па дури во 11-тиот настап за Њукасл успеа да погоди. И тоа го стори во англиски стил, со убав удар со глава во 15-тата минута и со неговиот гол гостите имаат предност од 1:0 по првото полувреме.

Сен Максиман пристигна во Њукасл летово од Ница и потпиша шестгодишен договор, а се работи за 22-годишен играч што го краси исклучителна брзина и од него во клубот очекуваат да биде еден од носителите на играта во иднина.

- Оглас -

Најнови вести