Брадата скромен, Расел одличен во триумфот над шампионот (видео)

Хјустон рокитс до 14-тата победа сезонава стигнаа по триумфот над актуелниот првак со 119:109 среде Торонто. Ракетите се вратија во победнички ритам по загубеното тексашко дерби против Сан Антонио, додека за Репторс ова е ново разочарување на домашен терен, второ во низа.

Пријатното изненадување во мечот беше Бен Меклемор и неговиот личен рекорд од 28 поени и 8 тројки, па како најефикасен ги предводеше гостите до посакуваниот резултат. Харден со 23 поени, 7 скока и 3 асистенции беше далеку под својот просек, додека пак Вестбрук запиша нов трипл-дабл учинок со 19 поени, 13 скока и 11 асистенции. На другата страна Сиакам ги држеше Репторс во игра со 24 поени и 9 скока, Лаури застана на 19 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=bmBtgNZydk8

Денвер имаше интересна „екскурзија“ во Големото Јаболко. На гости кај Никс, тимот од Колорадо, славеше со убедливи 129:92.  Вашингтон ја прекина серијата на Филаделфија од четири победи со триумфот од 119:113, додека во драматичната пресметка против Њу Орлеанс победи по продолжението со 139:132.

- Оглас -

Најнови вести