Формула 1 по пауза од 35 години, следната сезона ќе се врати во Холандија, и тоа на патеката „Зандворт“, па затоа и таму е вистинско градилиште за да се стигне навреме. Трката за Големата награда на Холандија е закажана за 3 мај 2020 година.
Со новите модификации и надградби, оваа патека ќе биде најубава, но и најтешка за возење во Европа, можеби и во светот.
Патеката е отворена во далечната 1939 година, позната е по многуте несреќи со смртни последици. Последна жртва беше Давид Ферер во 2017 година.
Како ќе изгледа возењето по „Зандворт“ од кокпитот на болидите, направена е компјутерска симулација. Погледнете што ги чека Ф1 пилотите: