По боксот и кечерите, за Фјури следно е да влезе во октагон на УФЦ?

Еден од најдобрите боксери во тешка категорија на денешницата, Тајсон Фјури, наводно планира да се проба во најелитното натпреварување во мешани боречки вештини, УФЦ шампионатот. Првиот човек на оваа организација, Дејна Вајт, истакна дека постои таква можност, но дека се чека одлуката на Фјури, кој моментално има обврски да се подготви за реванш против Дејонте Вајлдер.

„Тајсон и јас веќе разговаравме на оваа тема и можам да кажам дека е заинтересиран да се проба во мешаните боречки вештини. Секако дека ја почитувам неговата одлука, но сега останува да се види дали ќе го направи следниот чекор. Во моментов најважно за него е да се фокусира на предизвикот наречен Вајлдер“, изјави Вајт.

Фјури и Вајлдер ќе се реваншираат на 22 февруари, најверојатно во Лас Вегас. Во првиот спектакл немаше победник, па Американецот го задржа ВБЦ појасот. Инаку, Фјури неодамна се проба и како кечер, учествуваше во ВВЕ шоуто во Ријад, но, секако, тоа е само спектакл во кој нема вистински тепачки.

- Оглас -

Најнови вести