И Реал Мадрид ќе ќари од супер силната селекција на Ајакс

Дaни ван де Бек треба да биде првото засилување за Реал Мадрид, но за наредната сезона. Според пишувањата во шпанските и холандските медиуми, Кралскиот клуб веќе ги договорил деталите за трансфер на ѕвездата на Ајакс. Младиот 22-годишен Ван де Бек лани блескаше во дресот на Ајакс, кој стигна до полуфиналето во Лигата на шампиони, а и сезонава продолжува во ист ритам.

Се очекува Ајакс да заработи 55 милиони евра за трансферот на играчот за кого се интересира и новиот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо. Сепак, тешко дека лондонскиот тим ќе може да му парира на Реал Мадрид, ако Кралевите решат да го купат Ван де Бек.

 

- Оглас -

Најнови вести