Панатинаикос го победи Олимпијакос во драматичен меч со 99:93 по едно продолжение, а блескаше бекот на „детелинките“ Тајриз Рајс.
Поранешниот црногорски репрезенетативце постигна 41 поен и ги засени сите на дербито во Евролигата. Со ваков ефект Рајс им се приклучи на квартетот кошаркари со втор најдобар ефект во поени во историјата на Евролигата.
41 puntos
8 triplesTYRESE RICEpic.twitter.com/4OBXZw0H9L
— Luis Hidalgo (@Luisheel) December 6, 2019
Шејн Ларкин пред една недела стана нов рекордер со 49 поени против Баерн, а пред него четворица кошаркари го имаа рекордот со по 41 поен.
Алфонсо Форд како кошаркар на Перистери и Карлтон Мајерс од Фортитудо Болоња постигнаа по 41 поен на различни натпревари во 2001 година, а потоа им се приклучи Каспарс Камбала со идентичен ефект како играч на Ефес Пилсен во 2002 година. Последен што успеа да постигне 41 поен беше Боби Браун од Монтепаски Сиена во 2013 година.