Англија вчера посведочи на еден од најдобрите индивидуални погодоци. Кореецот Сон ја зачуди цела фудбалска јавност со неговиот фантастичен спринт поминувајќи речиси цел терен и пола тим на Барнли за да го реализира погодокот за 3-0 против Барнли.
На вакви мајстории во поново време сме виделе најчесто од Меси, во претходниот век тоа го правеше Роналдо Назарио. Мурињо го спореди Сон токму со бразилскиот феномен .
„И пред овој гол син ми го нарекуваше Соналдо, Соналдо Назарио. Првото нешто на што се сетив е погодокот на Роналдо во 1996 година. Ја имав таа чест да бидам во стручниот штав на Сер Боби Робсон во Барселона, а на еден меч од шпанскиот Куп, Роналдо исто така ја зеде топката од своја половина на теренот, ја помина целата противничка одбрана и заби, како што Сон го стори тоа против Барнли. Неверојатен гол“, истакна Мурињо.