Нема послатко за Куцка од победнички гол против Сампдорија (Видео)

Јурај Куцка постигна победнички гол за Парма против Сампдорија и беше кобен за некогашниот голем ривал од дуелите со Џенова во градското дерби.

Словакот играше шест сезони за Џенова и беше учесник во десеттина градски дерби дуели против Сампдорија, а денеска го урна некогашниот голем ривал. Постигна гол со глава во 21. минута, што се покажа како победнички за гостите.

https://www.youtube.com/watch?v=XQKXd_HAvew

Сампдорија имаше шанса да израмни во 77. минута, но ланскиот најдобар стрелец во Серија А, Фабио Квалјарела промаши пенал во 77. минута.

Парма сега е на осмото место со 21 бод, колку што има и Наполи на седмото место, а Сампдорија е на 17. место со 12 бодови.

Во истиот термин од 18 часот во Бундеслигата, Падерборн приреди изненадување со победа од 1:0 како гостин против Вердер. Мичел со погодок во 93. минута ги резервираше бодовите за екипата која сега не е веќе последна на табелата.

Падерборн има 8 бодови и подобра гол-разлика од последниот Келн. Вердер падна на 14. место со 14 бодови.

- Оглас -

Најнови вести