Томи Форд е победник на велеслаломот во Бивер Крик, што се возеше вечерва во рамките на Светскиот куп. Американецот ја искористи предноста да вози на домашен терен и во двете трки имаше најдобро вкупно време од две минути, 31 секунда и 25 стотинки.
Со заостанување од 80 стоткинки втор целта ја мина Хенрик Кристоферсен од Норвешка, а неговиот сонародник Кристијан Хауген заврши како трет, но прокоцка шанса за подобар пласман, откако по првата трка беше вторпласиран.
Дамите се натпреваруваа во супервелеслалом во Лејк Луис, Канада, а победничка на трката е Викторија Ребенсбург од Германија со време од една минута и 20 секунди, пред Никол Делаго од Италија и Швајцарката Корине Сутер.
Првата фаворитка Микаела Шифрин потфрли и заврши како десетопласирана.